Фабриката на Дрекслмаер во Кавадарци пред Мерцедес Бенз, Јазаки и Бош

Bez autora
Apr 03 2013

Фабриката на германски "Дрекслмаер" во Кавадарци за производство на кабелски инсталации наменети за автомобилската индустрија е избрана за најдобра пред бројни и угледни конкуренти, како што се фабриката на "Мерцедес-Бенз" која се гради во Унгарија, фабриката на "Јазаки" во Бугарија, "Бош" во Романија, како и многу други. Изборот е на магазинот "ФДИ Интелиџенс", специјализирано издание на "Фајненшл Тајмс" за сите области поврзани со странските директни инвестиции и промоција на инвестициите во светот. Следејќи повеќе од 16.000 гринфилд проекти во светот номинирани за 2012 година, електронското издание на престижниот ФДИ Магазин за февруари и март годинава ги прогласи победничките проекти во повеќе сектори и категории. Фабриката на "Дрекслмаер" во Кавадарци е победник во категоријата производство.

Фабриката на Дрекслмаер во Кавадарци пред Мерцедес Бенз, Јазаки и БошФабриката на германски "Дрекслмаер" во Кавадарци за производство на кабелски инсталации наменети за автомобилската индустрија е избрана за најдобра пред бројни и угледни конкуренти, како што се фабриката на "Мерцедес-Бенз" која се гради во Унгарија, фабриката на "Јазаки" во Бугарија, "Бош" во Романија, како и многу други.

Изборот е на магазинот "ФДИ Интелиџенс", специјализирано издание на "Фајненшл Тајмс" за сите области поврзани со странските директни инвестиции и промоција на инвестициите во светот.

- Следејќи повеќе од 16.000 гринфилд проекти во светот номинирани за 2012 година, електронското издание на престижниот ФДИ Магазин за февруари и март годинава ги прогласи победничките проекти во повеќе сектори и категории. Фабриката на "Дрекслмаер" во Кавадарци е победник во категоријата производство - соопштија од Кабинетот на министерот за странски инвестиции Веле Самак.

Инвестицијата на "Дрекслмаер" во Македонија е со вредност од над 30 милиони евра и треба да овозможи 4.000 нови вработувања. Одлуката за инвестирање беше донесена по повеќемесечни преговори со министерот Самак во декември 2011 година. Во Кавадарци веќе работат над 560 вработени кои за потребите на "Даимлер" и новата Мерцедес Ц-класа извезуваат за повеќе европски дестинации.

Министерот Самак очекува, според динамиката на работата на кавадаречката фабрика, да има над 1.000 вработувања до крајот на годината.

- Фактот дека фабриката во Кавадарци е прогласена за победник од страна на светски реномираниот "ФДИ Интелиџенс" во конкуренција со такви престижни и познати компании не прави навистина горди и е вистински показател за трудот кој го вложуваме и посветеноста со која работиме - вели Самак.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik